Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе продолжи во Саудиска Арабија и ќе игра за Ал Наср, со висока плата.

Роналдо потпиша двегодишен договор, со плата од 200 милиони евра по сезона. Сепак, неговата плата може да се дуплира, доколку прифати уште улога во Саудиска Арабија како земја и таа нема да е поврзана со Ал Наср.

Саудиска Арабија сака да го добие Мундијалот во 2030 година, а земјата сака Роналдо да ја има главната улога во преговорите. Доколку ја прифати улогата на главен медијатор, играчот ќе добие уште додатни 200 милиони евра.

Парите ќе бидат исплатени од кралското семејство. Саудиска Арабија сака да биде домаќин на СП 2030 заедно со Египет и Грција./Gol.mk/

Прикажи повеќе