Иако во текот на денот постоеја сомнежи дека Челси ќе успеат да го добијат потписот на Енцо Фернандез, повеќе англиски медиуми потврдија дека има договор со Бенфика за рекорден британски трансфер од 105 милиони фунти (120 милиони евра).
Бенфика претходно му дозволи на Фернандез да ги помине медицинските тестови во Лисабон за да може да се комплетира договорот пред крајниот рок на полноќ.
Со ова се става точка на уште еден неверојатен преоден рок на Челси под водство на новите американски газди предводени од Тод Бели, откако тие веќе го купија Михајло Мудрик за 100 милиони евра, трошејќи повеќе од 700 милиони евра во последните два преодни рока./Makfax/