Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Барселона со 3:1 во најголемото дерби на шпанскиот фудбал. „Кралевите“ на својот „Сантијаго Бернабеу“ покажаа дека во овој момент се подобра и поискусна екипа.

Резултатот беше отворен уште во 12. минута кога Винисиус биеше, Тер Штеген одбрани, но топката дојде до Бензема кој постигна гол за водство од 1-0.

Во 35. минута Феде Валверде постигна гол од далечина за водство на Реал Мадрид и од 2-0.

Барселона успеа да се врати во 83. минута кога Феран Торес постигна гол и намали на 2-1.

Но сите дилеми беа решени во 91. минута кога Родриго погоди од пенал за конечни 3-1.

По девет одиграни меча Реал Мадрид е прв со 25 бодови, Барселона е на втората позиција со три бода помалку.

Прикажи повеќе