Во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска окупација, вчера одекнаа силни експлозии, соопшти агенцијата за нуклеарна енергија на ОН МААЕ. Рафаел Гроси, претседателот на МААЕ, кој минатата недела ја посети Украина, изјави дека вчера Агенцијата забележала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика на таканаречена изградба на безбедна зона околу електраната.
Вчера руските сили извршија масовен ракетен напад врз Украина, при што беа истрелани повеќе од 50 проектили кон цели низ земјата. Украинската војска објави дека соборила повеќе од 40 руски проектили, додавајќи дека Русите во нападот користеле хиперсонични ракети од типот „кинжал“. Рускиот напад дојде еден ден откако САД и Германија најавија испорака на напредни тенкови „леопард 2“ и „абрамс“ во Украина.