Негативна одлука од општина за отворање на рудник, може да биде поништена од Министерството за економија и централната власт да даде концесија за работа на приватен инвеститор. Ова е еден од спорните членови во Законот за минерални суровини кои еколошките здруженија бараат да се отстрани или да се допрецизира.
„Владата може да издаде позитивно мислење за концесија и покрај негативните мислења од голем број стручни државни институции, како и од локалната самоуправа. Со дискреционо право на министерот“, рече Лилјана Поповска „Зелен институт“.
– Advertisement –
Првиот човек на ЗЕЛС Петре Шилегов за Алсат вели дека одлуката која ја дава општината не е обврзувачка за органот кој ја носи одлуката. Но политички не е корисно било кој носител на функција да влезе во конфликт со граѓаните или локалната власт.
„Мислам дека ако се постапи спротивно на мислењето на градот, или спротивно на мислењето на граѓаните, проблем ќе има човекот, односно органот кој го носи решението. Не е добро да се оди против интересите на граѓаните“, рече Шилегов.
Министерот за економија Бектеши вели дека не се издаваат концесии за работа на рудници без соодветна документација која е наведена во законот, а за мислењето на општината вели дека може и да не се прифати ако нема издржано објаснување.
„Кога ни ги доставуваат нас мислењата, само една реченица ни пишуваат. „Ние даваме негативно мислење“, а зошто го давате негативното мислење, или „даваме позитивно мислење“, а зошто давате позитивно мислење?“, рече Бектеши.
Освен овој член еколошките здруженија бараат во новиот Законот да бидат преработени уште 400 точки кои се проблематични.
Иле Петревски