Девет лица загинаа, а повеќе се ранети во пукање за време на прославата на Лунарната Нова Година во паркот Монтереј, во Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти полицијата во тој град.
Лос Анџелес Тајмс пишува дека пукањето се случило доцна синоќа во паркот Монтереј, на околу 11 километри од центарот на Лос Анџелес, каде што десетици илјади луѓе ја прославувале Лунарната Нова година.
Инсертите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека полицијата и противпожарните екипи се упатуваат кон авенијата Гарвеј за да ги згрижат повредените.
Паркот Монтереј има население од околу 60.000 жители, од кои повеќето се со азиско потекло.