Омикрон сојот забрзано се шири изминатиов период во земјава, но исто и бројот на лица кои повторно се заразиле по вторпат се зголемува.
-Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25 отсто во однос на претходната недела. Пријавени се 97 смртни случаи во 20 градови во текот на изминатата недела, односно за 76,4 отсто повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив 38 се од Скопје. Во однос на возраста, најголем број 85 или 87,6 отсто од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се и осум починати лица кај возрасната група од 50 до 59 години, по две кај возрасните групи од 40 до 49 години и од 30 до 39 години, посочуваат од ИЈЗ.
Доктор Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил објави дека како по список му се реинфицираат пациенти на 11-12 месеци по прележување на вирусот.