Читам и не можам да поверувам: Канада ќе влегла во ЕУ пред нашите камиони! Прецизно ги поврзав двете актуелни вести за тоа дека Канада ќе биде првата повикана придружна членка за ЕУ а од друга страна со месеци трае голготата и проблемот на нашите камиони и камионџии кои треба да работат во ЕУ и Шенген Зоната.
Ова не е некоја завист на сиромасите за тоа дека богатите ги провлекуваат преку ред. Ние не приговараме за тоа зошто Канада е повикана пред Македонија да стане членка на ЕУ, која пред децении веќе потпишала договор за стабилизација и асоцијација, туку како е можно еден голем бирократски сложен процес како што е прв пат воведувањето на „придружна членка“ да се среди а од друга страна еден прост административен проблем за работа на нашите камионџии во ЕУ и Шенген Зоната по примерот на пилотите и машиновозачите се уште не е среден.

Рамадан Рамадани
Скопје, 18.09.2026