Џада Пинкет Смит откри како го прославила Денот на благодарноста на луксузниот имот вреден 42 милиони долари, кој го поседува заедно со нејзиниот сопруг, Вил Смит. Прославата на празникот се одржа само неколку дена откако на имотот избувна пожар, пренесува „Page Six“.

55-годишната актерка објави фотографија на Инстаграм на која се гледаат подготовките за вечера во нивниот семеен дом во Калабасас, Калифорнија. Таа ја украсила пространата просторија со голем лак направен од пампас трева, дрвја со портокалови и жолти лисја, како и тикви во различни нијанси.

Тркалезните трпезариски маси, опкружени со столици тапацирани во крем боја, се декорирани со свеќи и украси во есенски стил. Во описот на фотографијата, актерката изрази благодарност за сите благослови во нејзиниот живот и им посака среќен Ден на благодарноста на своите следбеници и нивните семејства. Таа воопшто не го спомна неодамнешниот пожар.

Пожарот избувна во понеделникот, на 23 ноември, веднаш по полноќ, во помошен објект на имотот, кој се простира на површина од приближно 61 хектар.

Пожарникарите спречиле огнот да се прошири на околните објекти и вегетацијата. Полицијата потврди дека пожарот бил случаен и дека нема повредени лица. Ова не е прв пожар на нивниот имот. Вилата била реновирана во 2021 година по пожар во подрумот, а во 2018 година семејството стравуваше за својот дом поради големиот шумски пожар што ја зафати Јужна Калифорнија.

Вилата располага со шест спални соби и 13 бањи. Вил Смит го купил земјиштето во 2003 година, а изградбата на семејната вила била завршена во 2010 година. Оваа раскошна резиденција располага со шест спални соби и дури 13 бањи; Во 2011 година, имотот беше претставен во списанието A chitectu al Digest.

Во 2019 година, парот го стави имотот на продажба за 42 милиони долари, но на крајот одлучија да го задржат.

Само два дена пред последниот пожар, Вил и Џејда беа забележани на редок семеен излез во Малибу, каде што вечераа со своите деца, Џејден и Вилоу.

Вил и Џејда се во брак од декември 1997 година. Во 2023 година, актерката откри дека живееле одвоено уште од 2016 година, иако оттогаш повторно почнале да живеат заедно.

Вил има и син, Треј, од претходниот брак со Шери Зампино.