Ријана позираше целосно гола со ќерка си во прегратки, покривајќи ги интимните делови од телото само со чанта од „Диор“ – што предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

“A lady is a p ism. I a way that light shi es th ough a p ism a d becomes multidime sio al, a d eve y colo pe fo ms at a diffe e t a gle. The e’s o o e way to t uly defi e us.” – Riha a

The ew Lady Dio 2027 Campaig featu es Riha a a d he daughte Rocki I ish Maye s.

#LadyDio

— Dio (@Dio ) Novembe 19, 2026

Пејачката Ријана уште еднаш ги помести границите на модната провокација во кампања која веќе привлекува огромно внимание. Музичката ѕвезда од Барбадос се соблече целосно и позираше со својата ќерка, Роки, во прегратките, за потребите на нова рекламна кампања на француската модна куќа „Диор“ – а фотографиите што произлегоа од тоа се сè, само не обични.

Иако сме навикнати на провокативни визуелни прикази кога Ријана е заштитно лице на кампањи за нејзиниот сопствен бренд, овој пат таа навистина ги надмина сите граници.

Во минималистичко студио, Ријана позираше без облека, користејќи само црна, прошиена чанта „Lady Dio “ – која ја носеше преку рака – за да ги покрие своите интимни делови. Во прегратките ја држеше малата Роки, која беше облечена во бела долна облека.

Овие провокативни сцени се дел од новата кампања за култните чанти „Lady Dio “, а фотографиите од мајката и ќерката веќе предизвикаа голем интерес. За разлика од смелите студиски фотографии, во една поумерена верзија од кампањата, Ријана и нејзината ќерка се појавуваат облечени во елегантни црни кожни јакни.

Нивните фотографии се појавија и на огромни билборди долж познатиот „Сансет булевар“ во Лос Анџелес, каде што кампањата го привлекува вниманието на минувачите.

Со овој проект, Ријана ја продолжува својата долгогодишна соработка со престижната париска модна куќа. Нејзината поврзаност со „Диор“ датира уште од 2015 година, кога стана амбасадор на брендот, а од 2024 година таа го претставува и нивниот култент парфем, „J’ado e“.