Силвестер Сталоне отворено зборуваше за својот 29-годишен брак со Џенифер Флавин – неговата трета сопруга, со која има три ќерки и која, како што вели, го научила како да сака.
Холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне (80) се осврна на својот 29-годишен брак со Џенифер Флавин (58) и призна дека жали што не се оженил со неа порано. Актерот зборуваше за бракот, семејството и грешките што ги направил во текот на животот додека престојуваше во Њујорк, во разговор со Трејси Смит за емисијата CBS Sunday Morning.
„Бев идиот; постојано одложував“
Кога го прашаа што би променил доколку може повторно да го живее својот живот, 80-годишниот Сталоне призна дека тоа е „тешко прашање“. Сепак, набрзо издвои една работа: односот со неговата 58-годишна сопруга. Сталоне и Џенифер Флавин се запознале во еден ресторан во 1988 година, но се венчале дури девет години подоцна, во 1997 година.
„Би сакал да се оженев со сопругата околу осум години порано. Бев идиот; постојано одложував. Всушност, сè уште учам колку лоши можат да бидат врските“, рече Сталоне. „Жалам за тоа. Извини, душо“, додаде тој, обраќајќи ѝ се директно на сопругата.
Сталоне смета дека дел од причината поради која имал потешкотии во врските лежи во неговото детство и недостатокот на родителска љубов. „И тоа игра улога. Многу луѓе кои се соочуваат со ова не треба да се обвинуваат себеси. Тоа едноставно ве обликува“, рече тој.
Тој го објасни ова користејќи споредба што ја употребил и претходно.
„Детето го гледам како грутка влажна глина. Ако ја испуштите двапати, остануваат трајни вдлабнатини што не можат да се поправат. Морате да чекорите низ животот со тие проблеми, а тие не исчезнуваат“, раскажа актерот.
„Џенифер ме научи како да сакам“
За време на разговорот, Сталоне призна дека животот со Џенифер ја променил неговата перспектива за љубовта и врските.
„Тоа е навика. А да научиш да сакаш е навистина прекрасна навика. Со мојата сопруга Џенифер, тоа конечно се случи. Беа потребни 60 години, но успеавме“, рече тој.
Сепак, нивната врска не секогаш била хармонична. Нивниот брак бил пред распаѓање во август 2022 година, кога Џенифер Флавин поднела барање за развод. Во тоа време, таа тврдела дека актерот намерно го потрошил нивниот заеднички имот.
Само еден месец подоцна, тие успеале да ги надминат несогласувањата и да се смират. По помирувањето, Сталоне во интервју за „Холивуд репортер“ признал дека со години ја ставал работата пред семејството.
Тој тоа го нарече „трагична грешка што нема да се повтори“.
Бракот со Џенифер е трет за Сталоне. Тие имаат три ќерки – Софија, Систин и Скарлет. Тој има син, Серџо, од првиот брак со Саша Зак, додека нивниот втор син, Сејџ, починал во јули 2012 година.
Оваа година тие ја прославија својата 29-годишнина.
Силвестер и Џенифер во мај прославија 29 години брак. По тој повод, актерот објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм и ѝ посвети кратка порака на сопругата.
„Среќна годишнина, ти му даваш смисла на мојот живот!“, напиша Сталоне, на што Џенифер во коментарите одговори: „Те сакам, ти си ми сè!“
Текстот (Видео) Силвестер Сталоне за сопругата Џенифер: „Бев идиот“ е превземен од МАКФАКС.























