Јувентус го чека тешко гостување кај Болоња во Серија А, откако поранешниот шампион запиша три порази по ред и мора да слави за да остане во трката за пласман во Лигата на Шампиони (ЛШ).
Пред гостувањето кај Болоња се случи инцидент во соблекувалната на Јувентус, а „Тутоспорт“ пишува дека Анхел Ди Марија му се налутил и се скарал со Масимилијано Алегри, зашто тренерот не сакал да му даде шанса од првата минута на натпреварот.
Италијанскиот медиум пишува дека Ди Марија поради тоа одбил да настапи и како резерва против Болоња, па затоа нема да се најде на вечерашниот список со фудбалери. Мечот меѓу Болоња и Јувентус се игра од 20.45 часот.