Фудбалерите на Баерн Минхен го декласираа Плзен со 5-0 во натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите и со тоа го задржаа првото место на табелата со максимални девет бода.

По вечерашната победа Баварците го урнаа рекордот на Реал Мадрид по бројот на натпревари без пораз во групната фаза од Лигата на шампионите.

Мадриѓаните се на 30 натпревари без пораз, додека Баерн Минхен сега има еден повеќе, серија која трае од септември 2017 година.

Баерн, исто така, стана единствениот клуб кој победил во последните 10 натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите./makfudbal/

Прикажи повеќе