Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека има поднесено неколку тужби против политичката партија СДСМ.
„Дел од постапките се покренати, за дел од постапките сега, во овој момент се собираат информациите и тимот работи. Јас верувам дека ќе си имаме една убава завршница на овие постапки“, порача Арсовска.
На прашање на водителот дали се работи за една или повеќе тужби, Арсовска вели дека се повеќе.
„За секоја една работа која што беше искажана, беше истакната како невистина за овие луѓе кои што продолжуваат на овој начин. Верувам дека ќе биде еден добар завршеток за нивната политичка кариера, да се знае дека на тој начин не принципиелно не е редот да се работи, ниту да се функционира во една држава каде што сакаме да имаме демократија“, додаде Арсовска.