Кит Урбан и Никол Кидман, кои неодамна се разведоа, сè уште се во добри односи и си испратија честитки за роденденот и Денот на татковците. Музичарот јавно ѝ го честиташе 59-тиот роденден на својата поранешна сопруга, а таа му го честиташе Денот на татковците еден ден подоцна.

58-годишниот пејач и текстописец ѝ испрати порака на својата поранешна сопруга по повод нејзиниот 59-ти роденден преку Инстаграм во сабота, 20 јуни. „Среќен роденден, Никол Мери!!!!!!!!!!!!!!!“, напиша тој во објавата, користејќи го нејзиното целосно име, Никол Мери Кидман.

Еден ден подоцна, Никол сподели стара фотографија од себе со нејзиниот покоен татко, Ентони Кидман, на својот профил, како и фотографија од Кит со нивните ќерки, 17-годишната Сандеј Роуз и 15-годишната Фејт Маргарет. „Среќен Ден на татковците на сите татковци“, напиша актерката во описот.

Поранешните сопружници го финализираа разводот во јануари оваа година, со што заврши нивниот 19-годишен брак. По разводот, на Никол ѝ беше доделено примарно старателство над нивните две ќерки, додека на Кит му беше дозволено да go поминува секој втор викенд со нив.

Неодамна се појави информација дека ќерките на поранешниот пар, Сандеј Роуз и Фејт Маргарет, повеќе не разговараат со својот татко по разводот. Сепак, извор близок до парот тврди дека девојките сè уште се во контакт со него.

 

фото/Depositphotos

Текстот Прва јавна изјава по разводот: Никол Кидман му го честита Денот на татковците на Кит Урбан е превземен од МАКФАКС.