Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги сподели своите очекувања зa натпреварот со Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите. Тој ја коментираше и состојбата на стартниот чувар на мрежата Тибо Куртоа, кој се опоравува од повреда.
„Наша задача е да ги опоравиме играчите и денешниот тренинг е многу важен. Фудбалерите не сакаат ротации и внатрешно се лутат, но на теренот секогаш реагираат позитивно. Не постои некој кој си дозволува да се опушти. Сите ги почитуваат моите одлуки. Можеш да му се лутиш на тренерот, но не и на личноста.
Се уште не сум одлучил кој ќе биде стартер против Шахтјор. Винисиус игра на сите натпревари, допрва треба да го одморам. Сепак, Бензема ќе игра бидејќи во неделата доби одмор. Азар? Можеби ќе започне, можеби не. Куртоа сега е подобар и в четврток ќе почне да тренира за да биде подготвен за Ел Класико“, објасни италијанскиот стратег./makfudbal/