Алијанса за Албанците, партија која ја поддржа Данела Арсовска во трката за градоначалник на локалните избори, сега бара оставка од неа. Како што велат, прилина е нправедното отпуштање на вработени во јавните претпријатија, но и блокадата на јавниот превоз, со која наштетила на приватните превозници и на сите граѓани на Скопје.

-Би упатиле повици да се реши проблемот, но Арсовска веќе ја докажа својата неспособност и лошо менаџирање, па како единствено решение кое го гледаме за сите проблеми е нејзината итна оставка. Алијанса за Албанците проценува дека главниот град не смее да остане во ваква хаотична состојба, злоупотребен поради инаети и лични и кланови интереси, туку бездруго треба да се стави во служба на граѓаните на Скопје, велат од Алијанса за Албанците.