Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вчерашниот ден имало вкупно 40 пожари од кои активни се шест пожари, а еден е под контрола.

Активе е пожарот меѓу селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково, кој се шири на три крака  и тоа од селото Бонче кон селото Крушевица, превој Слива кон селото Чумово и кон селото Пештани. Гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.

Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во општина Чашка на планината Мукос кон селото Степанци, а во истата општина активен е пожарот кај селото Оморани и м.в. Кадиица – с.Ораов Дол каде гори мешана шума.

Активни пожари има и во општина Петровец меѓу селата Градманци, Брезница и Катланово, во општина Штип меѓу селата Хаџи Хамзали – Едеклерци – Топлик, полигон Криволак, во општина Чучер-Сандево меѓу селото Танушевци и м.в.Рамно и во општина Долнени кај селото Десово.