Павел Муравјеика, белорускиот заменик-министер за одбрана, тврди дека беспилотните летала случајно влегле во полскиот воздушен простор откако нивните навигациски системи биле блокирани.

Во видео на официјалниот канал Телеграм на Министерството за одбрана, Муравјеика изјавил дека беспилотните летала „се изгубиле“ и дека самата Белорусија соборила неколку беспилотни летала над сопствената територија.

Тој истакнал дека помеѓу 23:00 и 4:00 часот по локално време, белоруските сили споделиле информации со Полска и Литванија преку „комуникациски канали“ за беспилотни летала што залутале.

Белорусија, најблискиот сојузник на Русија, во последните години се соочува со влошување на односите со своите западни соседи и Украина, откако Москва ја искористи белоруската територија како појдовна точка за напад врз Киев што го започна во февруари 2022 година, пишуваат медиумите.

Полска вчера објави дека ќе ја затвори границата со Белорусија на полноќ по локално време во четврток поради воените вежби „Запад“ што се одржуваат во Белорусија. Воените вежби „Запад-2025“, што ќе се одржат во Западна Русија и Белорусија, предизвикаа загриженост кај соседните земји, членки на НАТО – Полска, Литванија и Латвија.

Фото: принтскрин

Текстот Белорусија: Беспилотните летала се изгубени, и ние соборивме неколку е превземен од МАКФАКС.