Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца денеска изјави дека предлогот на западните дипломати за Статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), кој е доставен до Владата на Косово, според него е , целосно во согласност со Уставот на Косово и не создава трето ниво на власт.

„Не го анализирав внимателно, туку само површно, но е целосно во согласност со Уставот на Косово“, изјави Коњуфца.

Сепак, според него, во секој случај, конечниот нацрт на Статутот треба да го подготви владата на Косово и за него да не се преговара со Србија.