Мароканските фудбалерки приредија првокласно изненадување против Јужна Кореја, бидејќи на фаворитите од Азија им ги „украдоа“ трите бода (1-0) во натпреварот од второто коло од групата Х од Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд. Тоа беше нивни прв гол и прва победа во историјата на Мундијалите.
Мароканките со отворениот и бескомпромисен фудбал го отворија натпреварот, а тоа вроди со плод уште во шестата минута, кога Ибтисам Џраиди го искористи одличното додавање на Ханан Аит Ел Хаџ и погоди за огромна радост.
Потоа фудбалерките на Јужна Кореја создадоа четиринаесет сериозни шанси за израмнување, но ниту еден од тие удари не влезе во рамката од голот на противникот. По овој триумф, Мароко има три бода, колку што имаат и Германките и Колумбијките, чиј дуел е подоцна во текот на денот.