Реал Мадрид веќе се насочи кон потенцијалната замена на Карло Анчелоти. Како што веќе стана јасно, италијанскиот стручњак следното лето ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ за да ја преземе бразилската репрезентација. Затоа мадридските газди сакаат да бидат подготвени со човекот кој ќе го заземе неговото место. Засега се споменува името на Чаби Алонсо, открива новинарот Кристијан Фалк.
„Мислам дека Чаби Алонсо ќе биде првата опција да го замени Карло Анчелоти во 2024 година. Имаше идеја тој да го преземе Реал ова лето, но самиот Алонсо претпочиташе да остане во Леверкузен бидејќи знае дека се уште е нов во професијата и не сака да го доведе клубот во тешка ситуација. Но, во 2024 година нема да има такви оправдувања доколку Реал тргне по него. Секако дека е заинтересиран за таква опција, а и Леверкузен знае дека има добри шанси да добие повик од Мадрид Мислам дека моментално е тренер со најголеми шанси да ја пополни оваа позиција“, изјави Фалк.