Англискиот селектор Герет Саутгејт повика младинец од Челси, Леви Колвил за мечевите со Малта и Македонија за да го дополни списокот откако завчера остана без суперталентот Џуд Белингем и Луис Данк.
Колвил инаку е дел од младинската селекција на Англија која се подготвува за настап на Европското првенство до 21 година кое се игра во Романија и Грузија, но сега е прекомандуван во сениорскиот тим за да ја пополни дупката во овие подготовки, но можно е и да добие шанса, а потоа повторно да се стави на располагање на младинците.
Младинското Еуро 2023 стартува идната недела, а Англија својот прв меч го игра на 22 јуни против Чешка во групата во која уште се и Германија и Израел.