Марсело Брозовиќ е член на Интер од 2015 година и оттогаш запиша 254 натпревари за „нероаѕурите“. Тој со години беше скоро незамелив во првиот состав на миланскиот тим, но сезонава полека го загуби првотимскиот статус и голема е веројатноста летово да замине од клубот.
Хрватскиот репрезентативец сезонава одигра 24 натпревари за Интер, но не секогаш беше во првиот тим, а неговиот скромен учинок изнесува два гола и три асистенции. Интересно е тоа што неодамна Брозовиќ го продолжи договорот до 2026 година, но тренерот Симоне Инзаги сè почесто во составот го користи Чалханоглу, а тоа може да значи дека во Интер размислуваат за продажба на Хрватот.
Шпанскиот спортски портал „Фичајес“ пишува дека Јувентус покажал огромен интерес за доведување на Брозовиќ во Торино, а и самиот фудбалер не би имал ништо против преминот во најголемиот ривал на Интер. Се вели дека Јувентус е „на готовс“ и внимателно ја следи ситуацијата со играчот. Навивачите на „нероаѕурите“ сигурно нема со одушевување да го прифатат овој потег, но се чини дека популарниот Броза ќе ја побара својата среќа во друг клуб. Тој во моментов заработува нешто над шест милиони евра годишно, а и следниот клуб ќе мора во најмала рака да му ја понуди истата плата.