Шпанска „Марка“ се погрижи да изнесе интересни информации, околу платите на фудбалските арбитри. Интересно, судиите се најдобро платени во Шпанија и тоа убедливо.
Во Примера арбитрите добиваат по 4.200 евра за еден натпревар, што може да доведе до вкупни 12.500 евра. Второто место го држи најдобрата светска лига, Премиер лигата, каде што судиите примаат основна плата од 3.700 евра, плус 1.300 од натпревар.
На третото место котира Бундеслигататa со заработка од 3.600 по меч, во Италија се добива 3.400, во Франција 2.900, а во Португалија 1.500 евра од натпревар.
Добро се платени и судиите во Лигата на шампионите, каде што се добива 7.000 евра за отсудена средба.
„Марка“ се обиде да отслика колку најдобрите светски судии би можеле да заработат, па сподели дека Матеус Лахоз во 2022 година инкасирал околу 335.000 евра.