Данил Медведев триумфално го заврши првиот дел од сезоната. Пред доаѓањето во Европа, Медведев освои четири трофеи и се искачи на четвртата позиција на АТП листата.
По Австралија Oпен, каде не се прослави, pускиот тенисер настапи на пет турнири, освои четири титули (Ротердам, Дубаи, Доха, Мајами), а загиби само од Алкараз во финалето во Индијан Велс.
„Знам дека не е фер, но јас би сакал сите турнири да се играат на бетон“, изјави човекот кој има 24 победи на бетон на последните 25 мечеви.
Еден поглед на неговата кариера ја објаснува оваа изјава. Од 19 титули, само една не освоил на оваа подлога.
„Свесен сум дека не би било фер, но сакам да играм на бетонска подлога“, заклучи 27. годишниот Медведев.