Викендов се играа натпреварите од 23 коло во Првата лига. Струга Трим Лум одигра без голови на свој терен против Македонија Ѓорче Петров. Тоа го искористи Шкупи кој со 3-1 славеше над Работнички во Чаир и се доближи на два бода до врвот. Шкендија ја совлада Академија Пандев, а Победа убедливо загуби од Брегалница со високи 4-0. Вчера Силекс беше подобар од Скопје со 3-1. Слободен во ова коло беше Тиквеш.
ПРВА ЛИГА, 23 КОЛО
Шкендија 2-1 Академија Пандев
Шкупи 3-1 Работнички
Брегалница 4-0 Победа
Струга ТЛ 0-0 Македонија ЃП
ВЧЕРА
Силекс 3-1 Скопје