Грузиската владејачка партија соопшти дека ќе го повлече нацрт-законот за „странски агенти“, откако во главниот град имаше масовни протести и широки меѓународни критики.
Во соопштението на партијата стои дека безусловно го повлекуваат предлог-законот поради потребата да се намали конфронтацијата во општеството.
„Гледаме дека предлог-законот доведе до несогласувања во општеството. Со оглед на сето ова, одлучивме да го повлечеме предлог-законот што го поддржуваме без резерва“, соопштуваат од „Грузиски сон“.
Би-би-си пренесува дека и делегацијата на ЕУ во Грузија потегот за отфрлање на законот го оцениле како „најава за добредојде“ и ги охрабрува политичките лидери да продолжат со реформите.
Неколку дена , илјадници демонстранти излегоа на улиците во Тбилиси и го искажуваа револтот од ваквиот предлог-закон.
Предлог-законот доби голем број критики од општеството, медиумскиот сектор и аналитичарите, кои сметаа дека претставува „закана за грузиската демократија“. Критичарите и опозицијата го споредуваат нацрт-законот со рускиот закон од 2012 година кој потоа почна да го проширува опсегот и да се користи за сузбивање на независното граѓанско општество и медиумите.