По раскинувањето на соработката со Тите, Бразил се уште е во потрага по селектор. Петкратните светски шампиони се уште се без тренер и сега со одминувањето на времето ситуацијата е се потешка и тоа од повеќе причини.

Mедиумите по заминувањето на Тите донесоа многу имиња како можни кандидати, но неодамна во Шпанија кружи веста дека челниците на Бразилската фудбалска федерација упатиле официјална покана до Карло Анчелоти. Италијанецот беше едно од имињата кои се споменуваа на почетокот, додека бразилските челници побараа од селекторот средба во Шпанија за да му предложат понудата и проектот за во иднината.

Тренерот на Реал Мадрид не даде никаква изјава за овие гласини, но ништо не е демантирано и сега се очекуваат многу интересни случувања. 63-годишникот никогаш досега во кариерата не бил на селекторското место на репрезентација, но сега има можност тоа да го направи тоа во Бразил.

Прикажи повеќе