Грузискиот интернационалец Kвича Кварацхелија го пропушти тренингот на Наполи, што му предизвикува дополнителни главоболки на тренерот Лучијано Спалети по првиот пораз во шампионатот од Интер на „Џузепе Меаца“. Крилниот играчот стартуваше и одигра 76 минути, а потоа беше заменет од Елиф Елмас.

Advertisements

Кварацкелија доби неколку силни удари од противниците, а тоа става сомнеж дали ќе може да настапи на неделното гостување кај Сампдорија.

21-годишниот репрезентативец на Грузија постигна осум гола и реализира 10 асистенции на 18 натпревари за Наполи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, но пропушти три последовни натпревари поради болки во грбот пред дуелот со Интер.

Прикажи повеќе