Утринава околу 6:00 часот, алармите за воздушен напад се огласиле во главниот град на Украина Киев, како и во јужните региони Херсон и Миколаев и во западниот регион Житомир.

Advertisements

„Во главниот град е прогласена тревога! Одете во засолништето! Останете во засолништата додека не се укине тревогата за воздух!“, објавено е од градската воена управа на Киев.

Засега нема потврдени напади. Но, гувернерот на Житомирската област вели дека постои закана од масовен ракетен напад

„Во моментов постои „закана од масовен ракетен напад“ врз Украина“, напиша на Телеграм гувернерот на Житомирската област Виталиј Бунечко.

Некои медиуми јавуваат дека руски ракети навлегле во украинскиот воздушен простор.

Ројтерс ги пренесува тврдењата на сведок кој утринава слушнал звуци од експлозија во Киев.

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател, на Фејсбук напиша дека Русите ја нападнале Украина со над 100 проектили, кои дошле во неколку бранови. Тој додаде дека алармите за воздушен напад се слушаат низ целата земја.