Пенелопе Круз уште еднаш докажа дека класичниот крој на фустанот и романтичниот изглед одат рака под рака. Таа носеше прекрасна креација што ја истакна нејзината убавина и неодолив шарм.
Позната по својот софистициран избор на облека и стил што зрачи со чиста елеганција, актерката Пенелопе Круз уште еднаш покажа како се носи класичен фустан со прав крој.
Таа неодамна се појави на 70-тиот Филмски фестивал во Лондон, облечена во фасцинантна креација што ги следеше линиите на нејзиното тело и ја истакнуваше нејзината витка фигура.
Фустанот претставува спој на класична елеганција и романтичен стил, на уникатен начин истакнувајќи ја природната убавина на актерката.
Цветните детали на фустанот му дадоа на целиот изглед нежна, речиси магична нота – впечаток што дополнително го засилија и самото присуство на Пенелопе на црвениот тепих.
Таа ја стилизираше косата во меки бранови што паѓаа преку едното рамо и се одлучи за впечатливи тонови на шминка.
Ги поздрави собраните фотографи со блага насмевка и поглед на вистинска фатална жена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
















