Пејачката Кејти Пери (42) и нејзиниот партнер, поранешниот канадски премиер Џастин Трудо (54), се појавија заедно на хуманитарната гала-вечер „Baby2Baby“ во Лос Анџелес.
Парот позираше пред фотографите, насмеани, при што еден момент особено привлече внимание: пејачката му ја местеше вратоврската на Трудо.
Нивното заедничко појавување доаѓа само неколку дена откако поранешниот сопруг на Пери, Расел Бренд, беше осуден на десет години и шест месеци затвор за силување и сексуален напад, пренесува „Page Six“.
Трудо носеше бело свечено сако, црни панталони и црна вратоврска.
Само неколку дена претходно, во средата навечер, парот беше фотографиран и при излегување од италијанскиот ресторан „E. Baldi“ во Беверли Хилс.



















