Реал Мадрид скоро сигурно нема да биде во целосен состав за мечот против Барселона во фамозното “Ел Класико”. Двата тима по 8. кола се изедначени по бројот на бодови, но Барселона е нешто подобра на гол разлика.
Реал во овој натпревар влегува ослабен поради тоа што нема да го имаат во одбрана Едер Милитао, но и првиот голман, Тибо Куртоа. Иако пред само четири дена беше објавено дека Белгиецот ќе биде подготвен за големото дерби, тоа сепак не е вистина и тој ќе го пропушти дербито.
„Куртоа е далеку подобар, планот е да почне деновиве со тренинзи. Разговарав со него и се чувствува подобро од претходно“, порача Анчелоти.
Марка денес објави дека тоа сепак нема да биде сличен, дека Анчелоти блефира и дека нема да го има на располагање за дербито голманот Куртоа.