Фатмир Битиќи

Претепувањето на двајцата вработени во „Комунална хигиена“ поради нивната етничка приапдност, додека чесно си ја извршувале својата работа, длабоко ме вознемирува. Исто толку ме вознемируваат и сцените на кинење на државното знаме. Ниту еден од овие чинови не е израз на патриотизам или национално достоинство.

Жално е тоа што овие чинови на физичка агресија во себе содржат подлабока институционална димензија, која произлегува и се репродуцира од арбитраноста при практикувањето на политичката моќ.

Само пред неколку дена, премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница си дозволи да ја презем улогата на утавен судија и да арбитрира за уставноста на законските одредби кои овозможуваат високо образование на албански јазик, занемарувајќи го фактот дека оценувањето на уставноста не е во негова надлежност.

Власта, свено или не, тешко учи дека политичкото лидерство има и своја педагошка функција во општеството. Демонстрирањето самоволие од позиција на авторитет создава ризик тоа да се репродуцира и во општествените односи, преку постепеното прифаќање на моќта како извор на право и на насилството како средство за наметнување на сопствената волја.

На луѓето кои чесно го чистат нашиот заеднички град им должиме почит и достоинство. А ние, политичарите, им должиме на граѓаните да почнеме со чистење на политичкиот простор од етничката омраза, нетрпеливоста и самоволието.

П.С. Ниту едно национално достоинство не се издигнува со понижување на достоинството на другиот.