Ацо Велковски:
🚨 ПЕНЗИОНЕРИТЕ НЕ СЕ ПАРТИСКА СОПСТВЕНОСТ НА ВМРО-ДПМНЕ!
До каде ќе оди политичката ароганција и желбата за целосна контрола врз секоја институција, секоја организација и секој човек што не размислува по партиски налог?
Имаме точни информации дека министерот за труд и социјалнаполитика преку градоначалници од Вмро-Дпмне и партиски притисоци се влијаело врз делегатите на Сојузот на здруженијата на пензионерите, со цел да се смени претседателката и да се постави партиски подобен наследник.
Тука станува збор за сериозен скандал кој бара институционална разрешница.
Ако притоа е одржано собрание без потребниот кворум, тогаш легитимноста на таквата одлука мора сериозно да се преиспита.
Кој ви дал право да ги заплашувате пензионерите? Кој ви дал право да ја претворате нивната организација во партиска испостава?
Пензионерите не се ничии послушници! Тие се луѓе кои со децении работеле, граделе, создавале и ја плаќале својата обврска кон оваа држава. Денес, наместо достоинствена старост, многумина се борат со ниски пензии, скапи лекови и тешка секојдневна егзистенција.
И сега, наместо да им се решаваат проблемите, некој си дозволува да врши притисок врз нивното организирање и демократско одлучување!
Доста е од партизација, заплашување и од самоволие!
Ги охрабруваме сите пензионери, делегати и здруженија да не подлегнуваат на притисоци и закани. Да ги искористат сите законски можности, да побараат институционална заштита, да се обратат до надлежните органи и судовите и да бараат проверка на законитоста на донесените одлуки.
Запознајте ја јавноста преку медиумите и социјалните мрежи, обратете се јавно и запознајте ја јавноста за заплашувањата и режимот кој се спроведува врз вас.
ОД ВАС ЌЕ ЗАПОЧНЕ СЕ…
Правдата не се бара со молчење, туку со храброст, достоинство и истрајност!
До владејачката партија, до министерот и до сите градоначалници кои евентуално учествувале во вакви притисоци, порачуваме:
Пензионерите не ви должат послушност. Вие им должите почит!
Засрамите се…




















