Пишува Бајруш Мјаку:

ОТВОРЕНО ПИСМО
До сите оние кои сакаат да ја дознаат вистината во врска со нереализирањето на телевизиската серија со работен наслов „За Театарот со Бајруш Мјаку“, во времетраење од 7 × 35 минути

Независната филмска продукција „Еклипс 92“, со финансиска поддршка од „Филмскиот фонд – Македонија“, а со моја согласност, реализираше документарен филм со наслов „101 улога – 102 животи“, според сценарио на Решат Камбери, во кој требаше да биде истакнат мојот придонес во албанската театарска култура во текот на цели 45 години.

За време на постпродукцијата настапи ненадејната смрт на сценаристот и идејниот творец Решат Камбери.

На 14 јануари 2022 година, во просториите на Албанскиот театар – Скопје, се одржа премиерата на филмот, при што констатирав дека не може да стане збор за документарен филм, туку дека повеќе наликуваше на телевизиска репортажа во времетраење од 80 минути.

Режисерот Филип Херин ја разбра мојата незадоволност и по неколку дена, како и по неколку разговори што ги имавме во врска со реализацијата на овој таканаречен документарен филм, ми предложи, а воедно побара и моја согласност, да аплицира во „Советот за радиодифузија при Македонската радио-телевизија“ – Скопје, со идеја да се реализира документарна телевизиска серија од 7 епизоди, во времетраење од 7 × 35 минути.

Во серијата требаше да се говори за развојот и успесите на Албанскиот театар – Скопје, од неговите почетоци. Истовремено, во седумте епизоди требаше да биде прикажан и мојот уметнички пат, преку кој публиката одблизу ќе се запознаеше со развојот и успесите на Албанскиот театар – Скопје, паралелно со мојот уметнички живот.

Секако дека бев, а и сè уште сум, исклучително заинтересиран за реализација на еден ваков документарен проект, во кој би биле прикажани сите подеми и падови што ме следеле од моето вработување како актер во Албанскиот театар, во март 1973 година, па сè до денес.

Режисерот и продуцент Филип Херин, откако ја доби мојата согласност, аплицираше во МРТВ, по што на 01.04.2022 година беше склучен договор помеѓу:

Јавното радиодифузно претпријатие – МАКЕДОНСКА РАДИО-ТЕЛЕВИЗИЈА, СКОПЈЕ
и

Здружението за филмска и видеопродукција „КИНОФИЛМ“ ДООЕЛ – Скопје.
За реализација на овој документарен проект, продуцентот Филип Херин од МРТВ побарал износ од 1.982.250,00 денари, кој му бил одобрен. Одобрената сума требало да биде исплатена во три рати, секоја во износ од 660.750,00 денари. Првата рата беше исплатена на крајот од април 2022 година.

Во текот на мај 2022 година, осум дена по ред снимавме во Белград, Нови Сад, Загреб, Љубљана, Сараево, Подгорица и Скадар. Потоа продолживме со снимањето во Скопје и Косово уште осум дена. На тој начин, од предвиденото сценарио беше реализирано околу 30% од материјалот.

За да биде исплатена втората рата на жиро-сметката на „Кинофилм“, продуцентот беше должен на госпоѓата Мигена, уредничка во албанската редакција при МРТВ, да ѝ го презентира хард-дискот со две епизоди од серијата „За Театарот со Бајруш Мјаку“, како доказ дека работата на реализацијата на проектот се одвива согласно предвиденото.

Филип Херин на госпоѓата Мигена ѝ презентира лажни докази.

Имено, Филип го зема документарниот филм „101 улога – 102 животи“ од продукцијата „Еклипс 92“ и од него издвојува две епизоди во времетраење од по 35 минути.

Описот на целата ситуација од страна на уредничката, госпоѓата Мигена, гласи:

На 01.04.2022 година, ЈП Македонска радио-телевизија (МРТ) и „КИНОФИЛМ“ ДООЕЛ – Скопје склучија договор за заедничка реализација (копродукција) на документарната серија „За Театарот со Бајруш Мјаку“ (7 епизоди, со времетраење од 30 до 35 минути).

Согласно договорот, на „КИНОФИЛМ“ веќе му беа исплатени две рати. Заедно со фактурата за втората рата, тие го доставија и готовиот програмски материјал. Поточно, на 23.05.2026 година, на хард-диск доставија две (2) епизоди од телевизиската серија.

При доставувањето ми беше кажано дека станува збор за последните епизоди, додека првите епизоди требало да бидат снимени во текот на наредните недели, бидејќи се чекале дозволите за снимање од Грција, а требало да се снима и во Албанија и Турција.

Имајќи предвид дека емисиите ги имав планирано за емитување како нова програмска содржина од месец октомври и дека сè уште имавме една неисплатена рата, им одговорив дека тоа не претставува проблем и дека ќе почекам додека не ми ги достават коригираните епизоди, заедно со преостанатите епизоди.

Во меѓувреме, ги прегледав доставените емисии и забележав дека тие не соодветствуваат со материјалот што требаше да ни биде доставен согласно договорот. Не беа во согласност со сценариото што го имав на располагање, а имаше и грешки во воведната шпица на емисиите.

Го контактирав продуцентот, кој ми кажа дека станува збор за технички грешки, се извини и вети дека тие ќе бидат коригирани пред доставувањето на останатите епизоди.

Потоа, му го вратив хард-дискот.

Во август 2022 година, и покрај тоа што речиси секојдневно му се јавував, не успеав да стапам во контакт со продуцентот Филип Херин.

На 02.11.2026 година добив известување дека г. Бајруш Мјаку го депонирал сценариото во Агенцијата за авторски права „Патент Центар“ и истовремено му забранил на Филип Херин да располага со сценариото и со неговата биографија (CV).

Во август 2022 година, од страна на МРТВ, на жиро-сметката на продукцијата „КИНОФИЛМ“ ДООЕЛ беше исплатена и втората рата во износ од 660.750,00 денари.

Тоа значи дека од страна на телевизијата биле исплатени вкупно 1.321.500,00 денари.

Од горенаведениот износ, во име на хонорарот за главниот протагонист на филмот, продукцијата „КИНОФИЛМ“ ДООЕЛ, со потпис на директорот Филип Херин, уплати на мојата сметка 100.000,00 денари за улогата на протагонист и 30.000,00 денари, односно 50% од хонорарот за сценариото.

И покрај фактот што повеќепати побарав да потпишеме договор за ангажман, тоа од страна на Филип Херин никогаш не беше реализирано.

На г. Феим Даут, ангажиран како директор на фотографија, со кого Филип Херин има потпишано договор за работа во износ од 245.200,00 денари, и покрај тоа што г. Феим ги исполнил обврските предвидени со договорот од 12.04.2022 година, продуцентот Херин му исплатил само 100.000,00 денари.

Филип Херин го прави и третиот намерен прекршок кога истиот ден на композиторот Оливер Јосифовски му исплаќа сума од 60.000,00 денари, без да има потпишано каков било договор.

На туристичката агенција „Делфини Турс“, од која го изнајмил мерцедесот за реализација на осумдневните снимања, согласно претходно постигнатиот договор, до ден-денес ѝ има исплатено само 50% од договорениот износ.

Од сето она што го наведов погоре, јасно се гледа дека измамникот Филип Херин имал само една цел: ЗАГРАБУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ – НЕРЕАЛИЗИРАЊЕ НА СЕРИЈАТА.

За жал, имав стекнато уверување дека станува збор за искрена намера и дека сме на добар пат да го реализираме проектот. Особено ветувачка беше можноста преку објективот на докажаниот мајстор на камерата, Феим Даут, да се создаде документарен филм преку кој пошироката јавност ќе се запознаеше со достигнувањата на Албанскиот театар – Скопје и со успешниот уметнички пат на актерот Бајруш Мјаку во текот на цели 50 години.