Ацо Велковски
🚨 АЛТА БАНКА, АНТИМОНОТ И ПОЛИТИЧКИОТ ТЕАТАР!
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, младите ни бегаат од државата, пензионерите и болните се принудени да се лекуваат приватно и да купуваат лекови од сопствен џеб, грижата и негата за немоќните се укинуваат, земјоделците се оставени сами на себе без вистинска поддршка и грижа од државата, студентите се приморани да одат на партиски митинзи за оброг-сендвич од 250 денари, образованието тоне, а неписменоста расте. Цените на храната, водата, струјата и парното постојано растат, а животот станува сè поголем товар за обичниот човек, нашите политичари повторно во политичкиот театар!
До вчера се расправаа за рудникот за антимон во Крива Паланка. Едни за, други против. Обвинувања, прес-конференции, политички војни… А потоа, одеднаш – тишина! Сите замолкнаа, како сите да се задоволни!
Сега на ред е Алта банка. Повторно политички ринг, повторно препукувања, повторно борба кој ќе ја купи, кој ќе биде победник, а кој ќе глуми загриженост.
А на крајот сите во еден ист ринг, сите засегнати, сите наводно загрижени, а на крајот – задоволни! И повторно народот треба да им верува и да им даде нов мандат на следните избори.
ЛУД, ЗБУНЕТ, НОРМАЛЕН!
Доста е од политички претстави и театри со истите 35-годишни политички глумци, време е да се обединиме.






















