Насер Ал-Келаифи, претседателot на ПСЖ и beIN Media, иако беше ослободен од обвиненинја во 2020 година, задно со Жером Валке, поранешниот генерален секретар на ФИФА, по жалбата, швајцарскиот обвинител повторно се обидува да ги гони за корупција поврзани со продажба на телевизиски права.
Денеска во Сојузниот кривичен суд во Швајцарија беше побарана казна од 28 месеци затвор за Ал-Келаиф и 35 месеци за Валке, како и 30 месеци за третообвинетиот, гркот Константинос Нтерис. За разлика од првата инстанца, во есента 2020 година, федералната обвинителка Кристина Кастелот, не бара делумна суспензија на казните.