Сезонското деби за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, број 1 во светот за мажи, ќе го има следната недела, на турнирот во Дубаи. Тој пред еден месец беше избркан од Австралија бидејќи не беше вакциниран и не можеше да игра на грен слем турнирот што се одржа во Мелбурн.

„Многу сум возбуден за ова враќање на теренот, после неколку месеци. Пропуштив многу натпревари, особено по она што се случи неодамна. Тренирав многу и се надевам дека ќе имам добар настап во Дубаи, каде и претходно победував“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ се уште е невакцинирана и може да не игра на многу други турнири и да го загуби врвот на светската ранг-листа.

„Она што се случи во Австралија беше изненадување за сите и тешко е да се заборави. Сакам да се вратам во Австралија, следната година“, изјави Ѓоковиќ.

Прикажи повеќе