Шпански брод со хуманитарна помош стигна до брегот на Газа

Шпанскиот хуманитарен брод „Оупен Армс“ (Open Arms) денеска пристигна во близина на брегот на Газа.

Бродот носи 200 тони храна која очајно им е потребна на десетици илјади Палестинци раселени поради повеќе од петмесечната војна меѓу Хамас и Израел.

Помошта доаѓа откако Обединетите нации повторно предупредија на заканата од глад во Газа.

Бродот во вторникот тргна од Кипар.