Тотенхем се согласил да го продаде својот капитен и најдобар голгетер. За Кејн веќе неколку години по ред има интерес од гигантите, особено од Англија и од Шпанија.
По најавите дека Карим Бензема ќе се пресели во Саудиска Арабија, „кралскиот“ клуб се споменува како можна следна дестинација на Кејн, и нема да биде чудно Реал да почне преговори за негов ангажман.
Сепак, проблем може да биде сумата која Тотенхем ја одреди за неговите услуги, а тоа е 115 милиони евра. Кејн има договор со Тотенхем уште една година.
Освен Реал Мадрид, за неговите услуги е заинтересиран и Баерн Минхен, кој има потреба од напаѓач по заминувањето на Роберт Левандовски, а тоа се почувствува сезонава кога „баварците“ на „мускули“ дојдоа до титулата во Германија.