Францускиот претседател Емануел Макрон најави завршување на француското воено присуство во Нигер. Воената соработка со западноафриканската земја ќе биде окончана и таму стационираните француски војници ќе си заминат до крајот на годинава, изјави Макрон во интервју за телевизите ТФ1 И Франс2.

Во Нигер и во соседниот Чад моментално се стационирани околу 2500 француски војници.

По воените пучеви Франција веќе мораше да ги повлече своите трупи од Мали и од Буркина Фасо, а Нигер се сметаше за последен сојузник на Западот во регионот.

И францускиот амбасадор Силвеин Ите треба да го напушти Нигер и да се врати во Франција, најави Макрон.

Извор: ДВ

Прикажи повеќе