Кошаркарите на Универзитетот Конектикат ја освоија НЦАА титулата. Во финалето, во Хјустон, Конектикат го победија Сан Диего со 76:59. Конектикат ја освои титулата за најдобар колеџ тим во САД пред 72.423 фанови, со што и официјално заврши познатото „Мартовско лудило“, а ова му беше вкупно петта титула.

Advertisements

Тристен Њутн го предводеше шампионскиот тим со дабл-дабл учинок од 19 поени со 10 скока и четири асистенции. Тој беше поддржан од Адама Саного, со 17 поени и 10 фатени топки, а беше прогласен и за најкорисен играч на завршниот турнир.

За Сан Диего, Кешад Џонсон постигна 14 поени, додека Дерион Тремел и Ламонт Батлер постигнаа по 13 поени./Makfax/

Прикажи повеќе