Експедицијата на Струга Трим Лум од синоќа е во Виљнус, каде утре со почеток од 18 часот на “ЛФФ“ стадионот во овој град, го играат првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите против тимот на Жалгирис.

По летот Скопје – Франкфурт – Виљнус, стружани се сместија во хотелот, а денеска попладне ги очекува и тренингот, оној вообичаениот на теренот каде што ќе се игра мечот.

Се разбира и прес- конференција на која тренерот Шпетим Дуро и еден од играчите пред јавноста во Литванија ќе го дадат своето мислење затоа што ги очекува утре против Жалгирис.

Атмосферата во таборот на нашиот шампион е одлична, сите се расположени да го дадат својот максимум како би се избориле за добар резултат пред реваншот кој се игра следната недела во Охрид. Најважно е што стручниот штаб ќе може да смета на сите свои расположиви сили./Sportmedia.mk/

Прикажи повеќе