Словачката Влада денеска блокираше голема испорака на оружје за Украина, планирана од претходната влада, во согласност со ветувањата на новиот премиер Роберт Фицо.

– Владата не го одобрува предлогот за подарување воена опрема на Украина во вредност од 40,3 милиони евра, се наведува на официјалната веб-страница на Владата.

Тој предлог за 14-тиот пакет помош подготвен од претходната администрација на Министерството за одбрана вклучува испорака на муниција од 7,62 милиметри и голем калибар за топовите 125 милиметри, како и противвоздушни ракети и мини.

Новата коалиција на Фицо, која дојде на власт на крајот на октомври, најави дека во иднина помошта за Украина ќе биде ограничена на хуманитарна и цивилна помош.

Прикажи повеќе