Инспектори на Сојузната криминална полиција во вторникот извршиле рација во „Алијанц Арена“ и ги пребарале просториите на фудбалскиот клуб клубот на Баерн. Рацијата била направена поради сомнеж за перење пари на узбекистанско-рускиот олигарх Алишер Усманов, кој според проценките на „Форнс“ тежи 14 милијарди долари.
Водечкиот германски медиуми, „Билд“, потсетува дека поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес бил во добри односи со Усманов. Резултатите од потрагата се уште не се познати.
„Не водиме никаква истрага против Баерн, ниту против клупски челници или членови“, соопшти Јавното обвинителство.
Баерн не е осомничен во овој случај, но луѓето поврзани со клубот би можеле да се најдат во улоги на сведоци. Хенес пред девет години беше осуден за даночно затајување и одлежа 18 месеци затвор./Makfax