Манчестер Јунајтед и Андре Онана ги договорија сите детали околу идната соработка и сега го чекаат конечниот одговор од Интер. Италијанскиот клуб од почетокот постави фиксна цена од 60 милиони евра, која Јунајтед одби да ја плати и понуди 20 милиони помалку со бонуси, кои италијанците ги одбија.

Јунајтед тогаш испрати понуда од 50 милиони евра, која сѐ уште е на разгледување, а се верува дека Интер ќе ја прифати со одредени бонуси.

Ако се земе предвид дека Давид Де Хеа си замина од клубот и дека Јунајтед е без голман и каква сезона има камерунецот, заедно со тоа што одлично ја познава филозофијата на Тен Хаг, ова би можел да биде голманскиот трансфер на летото.

Прикажи повеќе