Андре Онана е новиот голман на Манчестер Јунајтед, официјално објави клубот од „Олд Трафорд“. Онана дојде во Манчестер Јунајтед од Интер и потпиша петгодишен договор. Трансферот е вреден 51 милион евра со дополнителни четири милиони евра преку бонуси.

27-годишниот голман на фудбалската репрезентација на Камерун доаѓа како замена за Давид де Хеа, кој не го продолжи договорот со клубот.

„Да се приклучам на Манчестер Јунајтед е неверојатна чест и работев напорно цел живот за да стигнам до овој момент, надминувајќи многу пречки на патот. Излегувањето на Олд Трафорд за да го бранам голот и да придонесам за тимот ќе биде уште едно неверојатно искуство. Ова е почеток на ново патување за мене, со нови соиграчи и нови амбиции за кои треба да се борам“, изјави Андре Онана.

Прикажи повеќе