Како што пренесуваат англиските медиуми, „граѓаните“ испратиле понуда од 100 милиони фунти и се чини дека Вест Хем за таа сума ќе се откаже од капитенот. Сити е решен да го доведе англискиот репрезентативец откако Гундоган реши да се пресели во Барселона.

Ниту Арсенал нема да седи со скрстени раце, се вели дека Рајс повеќе би сакал да премине во редовите на „топчиите“, иако повеќе би заработувал во Сити. Она што може да го натера да се премисли е разговорот со Пеп Гвардиола и ветувањето за голема минутажа.

Пеп веќе го донесе Матео Ковачиќ од Челси, а Рајс би бил уште еден нов играч во средниот ред.

Прикажи повеќе